Се огласи Кремљ: Дали Србија побара поддршка од Москва во врска со протестите?

46
EPA-EFE/GAVRIIL GRIGOROV

Русија го цени и негува пријателството со Србија и сака таа да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен, систематски развој, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Србија ни е драга земја. Ние сме врзани со заеднички историски корени, го цениме нашето пријателство, нашата соработка и ќе продолжиме да соработуваме. И им посакуваме на нашите српски браќа да ги решат сите проблеми што е можно поскоро и да се вратат на мирот“, нагласи Песков, пренесуваат руските медиуми.

Одговарајќи на новинарско прашање дали српските власти побарале поддршка од Москва, тој рече дека не побарале помош и дека „српското раководство е способно да се справи со сопствените проблеми“.

ИЗДВОЕНИ