Се огласи Ѓорѓеску: Европа е во диктатура, Романија е под тиранија/ФОТО

75

Екстремниот десничар и популист Калин Ѓорѓеску се огласи откако Централната изборна комисија му забрани да се кандидира на новите претседателски избори закажани за 4 мај.

„Ова е директен удар врз срцето на демократијата ширум светот. Имам само една порака за левичарите. Ако демократијата во Романија падне, целата демократија во светот ќе пропадне. Ова е само почеток. Тоа е едноставно. Европа сега е под диктатура. Романија е под тиранија“, рече Ѓорѓеску.

Централната изборна комисија доби повеќе од 1.000 приговори за неговата кандидатура, главно поради неговите антидемократски и екстремистички ставови. Оваа одлука за забрана се уште може да се оспори пред Уставниот суд.

Откако Георгеску неочекувано победи во првиот круг од минатогодишните претседателски избори, највисокиот суд ги поништи резултатите од гласањето, наведувајќи ги сомнежите за руско мешање во неговата кампања.

ИЗДВОЕНИ