Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ја спореди пресудата на Судот на Босна и Херцеговина со апсењето на Калин Ѓорѓеску во Романија и посочи дека тие се дел од истата кампања на злоупотреба на судството од страна на глобалистите, кои очајнички се обидуваат да ја задржат власта со замолчување на опозицијата и местење на изборите.
„Потпретседателот на САД Џеј-Ди Венс беше во право, демократијата е нападната. Само вистината и волјата на народот можат да ги запрат!“, напиша Додик на платформата Х.
Судот на Босна и Херцеговина денеска го осуди претседателот Додик на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење на функцијата претседател, поради „непочитување на одлуките“ на Кристијан Шмит.
Генералното обвинителство на Романија денеска го сослуша претседателскиот кандидат Калин Ѓорѓеску во рамки на пошироката истрага за нерегуларности на изборите кои беа поништени во декември.
➡️ Хапшење Калина Ђорђескуа у Румунији и моја пресуда у БиХ дио су исте кампање коју злоупотребом правосуђа воде глобалисти, а који очајнички настоје да задрже моћ кроз ућуткивање опозиције и намјештање избора. Потпредсједник Венс @JDVance је био у праву – демократија јесте на…
— Милорад Додик (@MiloradDodik) February 26, 2025