Ана Костадиновска, Владимир Блажев Панчо и гитаристот Горан Тонев се единствените членови на бендот „ДНК“ кои успеаја да го преживеат пожарот во кој загинаа 59 лица во дискотеката во Кочани.
Двајцата се во стабилна состојба и се на болничко лекување, додека Ана е пуштена на домашно лекување.
Членовите на нивниот бенд беа погребани денеска, а пејачката за прв пат проговори за оваа трагедија.
„Замина еден дел од моето второ семејство. Со нив мојата душа. Остана само пепел и празнина… А кој би помислил дека таа празнина може да боли толку многу“, напишала Ана и додала слика со загинатата колешка Сара Пројковска, која исто така денеска ќе биде погребана на гробиштата во Лисиче.
„Љубов моја, мила моја, ангел мој, душа на мојата душа, ќе те сакам додека дишам и постојам, а ти ќе болиш секој ден…“.