Се одложуваат закажаните изведби на шоуто „Глумците пеат“

30
Поради страшната трагедија со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загинаа 59 луѓе, се одложува шоуто „Глумците пеат“, закажано за 8-ми и 9-ти април во МНТ, соопштија денеска организаторите.
Ова шоу постои да носи радост и заедништво, но во моментов никој од нас нема сила за тоа. Новите датуми ќе ги објавиме набрзо. Купените влезници за двете изведби закажани за 8-ми и 9-ти април ќе важат за соодветно за новите термини, стои во објавата на ФБ.

ИЗДВОЕНИ