Се очекува целосен потоп на берзите… Се огласи Трамп: Царините се на сила и прекрасно е да се видат!

1192
EPA-EFE/ALEXANDER DRAGO

Денеска се очекува драматичен пад на сите светски берзи поради царините на Трамп. Фјучерс индексите најавуваат голема распродажба и пад на акциите ширум светот. Азиските берзи се отворија во голема негатива.

Голдман Сакс ја зголеми својата проценка за ризикот од рецесија во САД во следните 12 месеци на 45 отсто, откако ја намали прогнозата за раст на американскиот БДП. Претходната проценка беше 35 проценти.

И другите инвестициски банки ги ревидираа своите прогнози откако Доналд Трамп објави нови царини. JPMorgan сега го проценува ризикот од рецесија на 60%, не само во САД, туку и на глобално ниво.

Доналд Трамп повторно ги бранеше царините на својата социјална мрежа „Вистина“, тврдејќи дека тие се единствениот начин да се решат „огромните финансиски дефицити на САД со Кина, Европската унија и другите земји“.

„Имаме огромни финансиски дефицити со Кина, Европската унија и многу други. Единствениот начин да се излечи тој проблем е со царините, кои сега носат десетици милијарди долари во САД. Тие се веќе на сила и прекрасно е да се видат“, рече Трамп.

Менаџерот на хеџ фондот Бил Акман предупреди дека царините на Трамп може да го доведат светот во „економска нуклеарна зима“ и повика на 90-дневна пауза на царините.

Индиските берзански индекси Nifty 50 и Sensex утрово отворија пад од околу 5 отсто. Тоа е продолжение на глобалната реакција на американските царини.

Акциите на Тата Моторс потонаа за дури 10 отсто откако нејзината подружница Јагуар Ленд Ровер објави во текот на викендот дека ќе ги „паузира“ сите испораки во САД додека не се прилагоди на „новите услови на трговија“ што ги носат царините.

ИЗДВОЕНИ