Се обновуваат таваните во ООУ „Живко Брајковски“

18

Веќе една седмица се обновуваат таваните во ООУ „Живко Брајковски“ кои претходно беа во катастрофално лоша состојба и претставуваа голема опасност за учениците.

-Грижата за нашите деца е наш приоритет. Тоа се манифестира преку континуираните проекти за унапредување на условите во основните училишта – вели градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски. 

Во дворот на ООУ „Живко Брајковски” во завршна фаза е и изградбата на нов спортско-рекреативен комплекс со фудбалско игралиште со вештачка трева, ново модерно детско иралиште и нова фитнес зона.

-Инвестирајќи во обезбедување на најсовремените стандарди за мене како градоначалник е обврска и директен влог во развојот на нашите идни генерации кои треба да бидат гордост на општина Бутел – заклучи Костовски.

 

ИЗДВОЕНИ