Рибократството во Охридското езеро зема силен замав. Во јануари биле откриени 18 случаи на криволов на риба на Охридското Езеро, а биле запленети шест километри мрежа. – Притоа затекнати се 15 прекршители како вршат незаконски риболов, пронајдени се и подигнати вкупно 116 рибарски мрежи со различна големина на окца и со вкупна должина од 6.120 метри и улов од 293 парчиња различна риба со вкупна тежина од 51,4 килограми. При преземените мерки, констатирани се 14 прекршоци по Законот за внатрешна пловидба за што се поднесени и соодветни пријави, велат од СВР–Охрид

 

Рибократството во Охридското езеро зема силен замав. Во јануари биле откриени 18 случаи на криволов на риба на Охридското Езеро, а биле запленети шест километри мрежа.

Како што соопштуваат од СВР – Охрид, изминатиот месец службеници на Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ самастојно и во соработка со Државниот инспекторат за земјоделство, спровеле повеќе контролни патролни активности за заштита на државната граница и по Законот за рибарство и аквакултура и Законот за внатрешна пловидба.

– Притоа затекнати се 15 прекршители како вршат незаконски риболов, пронајдени се и подигнати вкупно 116 рибарски мрежи со различна големина на окца и со вкупна должина од 6.120 метри и улов од 293 парчиња различна риба со вкупна тежина од 51,4 килограми. При преземените мерки, констатирани се 14 прекршоци по Законот за внатрешна пловидба за што се поднесени и соодветни пријави – велат од СВР–Охрид.

Во истиот период, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ извршиле шест контроли на рибарите кои беа ангажирани за вештачкиот мрест, а спроведоа и шест патролни дејности со физичко присуство на научно- истражувачкиот брод од Јавната национална установа „Хидробилошки завод “- Охрид.

ИЗДВОЕНИ