Се менува повеќевековна традиција: Папата Франциск нема да биде погребан во Ватикан – упатствата ги одобри навреме

177
epa12044384 Postcards in St. Peter's Square following the death of Pope Francis, Vatican City, 21 April 2025. Pope Francis died on 21 April 2025 at the age of 88, according to the Holy See. Born Jorge Mario Bergoglio in Buenos Aires, Argentina, on 17 December 1936, he was appointed leader of the Catholic Church on 13 March 2013, succeeding Pontiff Emeritus Benedict XVI. EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Погребот на папата традиционално е сложена работа, но папата Франциск неодамна ги одобри плановите целата процедура да биде помалку сложена, јавува Би-Би-Си.

Церемонијата ќе започне со таканаречената „церемонија на потврдување на смртта“, која ќе ја води кардиналот Кевин Фарел, највисокиот функционер на Ватикан. После тоа, телото на папата ќе биде ставено во ковчег.

Извори од Ватикан велат дека погребот на папата Франциск треба да се одржи во наредните девет дена, но како што пишува „Скај њуз“, тој би можел да се случи порано.

За време на неговиот живот, папата Франциск ги одобри плановите за поедноставување на сопствениот погреб. Тој го отфрли обичајот на изложување тела на подигната платформа и избра едноставен дрвен ковчег.

Неговите претходници биле закопани во ковчези направени од чемпрес, олово и даб. Папата Франциск се одлучи за едноставен дрвен ковчег обложен со цинк, јавува Би-Би-Си.

Тој, исто така, ја отфрли традицијата на јавно поставување на телото на папата на подигната платформа во базиликата Свети Петар.

Наместо класичното збогување со телото, ожалостените ќе бидат поканети да му оддадат почит бидејќи неговото тело ќе биде положено во отворен ковчег.

Папата Франциск исто така ќе биде првиот папа по повеќе од еден век кој ќе биде погребан надвор од Ватикан.

Тој ќе почива во базиликата „Света Марија Мајорe“, една од четирите главни папски базилики во Рим.

Базиликата е црква на која Ватикан ѝ дал посебно значење и привилегија. Главните базилики имаат посебна врска со папата.

Според традицијата, папите се погребани во криптите под базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, каде почиваат речиси стотина негови претходници, но папата Франциск одлучи поинаку.

ИЗДВОЕНИ