Најдобрата американска гимнастичарка Симон Бајлс зборуваше за плановите за Олимписките игри во Лос Анџелес, но и за проблемите кои ги имала на Игрите минатата година во Париз.
Освојувачката на седум олимписки златни медали призна дека не се чувствувала најдобро во Париз, каде што освоила четири медали, од кои три златни.
- На крајот од натпреварот, кога се вратив во олимпиското село, влегов во лифтот и телото буквално ми беше одземено. Бев болна 10 дена – изјави Бајлс во интервју за францускиот „L’Equipe.“
Во овој контекст, таа откри дека сè уште нема дефинитивен план за Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година, кога ќе има 31 година.
- Од сегашен аспект 2028 година ми изгледа многу далечна. Прашање е во каква состојба ќе биде моето телото, но не само тоа. Веќе постигнав многу и за да учествувам на игрите би требало да биде големо возбудување за мене. Значи, да бидам искрен, не знам. Ќе видиме, има уште многу време до ЛОИ во Лос Анџелес, заврши Американката.