Шампионот на УФЦ, Шон О’Мали, ѝ дозволил на сопругата Дени да има секс со еден од неговите пријатели и го призна сето ова во еден поткаст.
Шон О’Мали важи за една од најконтроверзните личности во светот на ММА. Шампионот во бантам категорија е во „отворен“ брак, каде што му е дозволено да биде со други жени, но и неговата сопруга Дени ги има истите права.
- Јас сум кралот! Плаќам за сè и ја третирам како кралица. Ако ќарам некој п***а настрана, што е важно? Тестостеронот ми јури низ вените и сè е многу едноставно. Не би го кажал тоа ако бев во друга позиција и ако не плаќав за сè – изјави О‘Мали минатата година.
Меѓутоа, тој сега призна дека, сепак, ѝ дозволил на сопругата да биде со друг маж, негов пријател, кој ѝ се допаѓа.
- Таа ми кажа дека сака да има однос со некого и дека го познавам. Тоа беше еден од моите пријатели. Ми кажа кој е тој. Ти се колнам, му испратив порака на тоа дете и му реков: „Знаеш во каква врска сум, нема да ти се лутам. Ако те заведе, имаш мое одобрение, само ‘удри’“. Се сретнавме на кафе потоа и ми рече дека не верува дека може да го стори тоа – вели О’Мали.
Американскиот борач често излегуваше во јавноста со контроверзни ставови. Сепак, тоа не го спречува да меле сè пред себе.
Моментално е шампион во бантам категорија и дојде до оваа титула со победата над Аљамен Стерлинг, минатата година. Потоа успеа и да ја одбрани титулата против Марлон Вера.
Веќе на 15 септември имаше нов, голем предизвик пред него, кога ќе го брани појасот против Грузиецот Мераб Двалишвили.
Суга има скор во кариерата 18-1-1, додека Мераб, пак, има 17 победи и четири порази, но е во серија од 10 триумфи.
Оваа борба дефинитивно ќе биде вистински спектакл. Тоа е дуел на двајца лудаци, кои сигурно ќе понудат спектакуларна борба во кафезот, но и контроверзи надвор од него.