Ќерката на легендарниот кошаркар Денис Родман (63), Тринити (22), е успешна фудбалерка и репрезентативка на САД. Таа деновиве гостуваше во еден американски подкаст каде реши да се отвои и да раскаже се за својата врска со татко и, со кој не се во најдобри односи по неговиот турбулентен живот.

  • Се обидовме да живееме со него, но тој секогаш организираше куќни забави. Носеше чудни девојки… Секогаш сакаше внимание и камери. Цело време плачев, луѓето околу мене се прашуваа што по ѓаволите ми се случува. Се случуваше да не се видиме со месеци, започна Тринити, па додаде:
  • Кога ќе ме побара на телефон, се јавувам само за да имам чиста совест. Тој сака да го слушне мојот глас, тоа е единствената причина зошто кревам телефон. Не го правам тоа за себе. Тој не ми е татко. Биолошки да, но на сите други начини – не. Се воздржував многу долго, но тешко ми е да го задржам целиот овој гнев во мене, говореше младата фудбалерка.

Недолго по нејзините зборови, се огласи и Денис на Инстаграм.

  • Прости ми што не бев таткото кој го посакуваше, но како и да е, се обидов, сè уште се трудам и никогаш нема да престанам. Ќе продолжам да се обидувам дури и кога како возрасна ќе ти кажат да не одговораш на моите повици, ќе продолжам да се трудам дури и кога е тешко и ако е потребно долго време. Секогаш сум тука и секогаш ти кажувам колку сум горд на тебе. Отсекогаш сум имал една желба, би сакал моите деца да ми се јават и да дојдат да ме видат. Се надевам дека еден ден ќе се оствари. Јас сум тука и се надевам дека ќе одговорам на твојот повик еден ден, јас сум уште тука. И да, цело време те гледам како играш. Доаѓав на твоите натпревари иако ми велеа да не се појавувам, а јас само сакав да те поддржам. Затоа ќе те гледам од балконот од хотелската соба, за сите да бидат среќни што ги сакам моите деца, порача Родман.

Во текот на својата играчка кариера, во која освои вкупно пет НБА шампионски титули со Детроит Пистонс и Чикаго Булс, Денис Родман беше познат како многу контроверзна личност, а водеше и голема битка со зависноста од алкохол. Има три деца со две сопруги, а познат е и по краткотрајниот брак со манекенката Кармен Електра и врската со пејачката Мадона.

Тринити е ќерката на Денис од неговиот брак со Мишел Мојер, со која се ожени во 1999 година, а официјално се разведе во 2012 година. Од тој брак Денис го има и синот Денис Џуниор кој професионално се занимава со кошарка. Тринити е фудбалерка на Вашингтон Спирит и има одиграно 46 натпревари за репрезентацијата на САД и постигнато десет гола.

ИЗДВОЕНИ