Лука Модриќ: На ЕП го почувствував помалку убавиот дел од фудбалот

57
EPA-EFE/Tolga Bozoglu

Капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ, се огласи на социјалните мрежи по елиминацијата на својата селекција од ЕП 2024. За него, ова е, најверојатно, последното ЕП во кариерата, со оглед на тоа што има 39 години.

Хрватите, по драматичниот меч со Италија, беа елиминирани од Европското првенство откако Закањи постигна гол во последните секунди од натпреварот за 1:1, со што ги згасна надежите на хрватската репрезентација.

Модриќ тогаш во солзи објави дека „фудбалот понекогаш е суров“. Тој сега се јави преку Инстаграм.

  • Носејќи го овој дрес, ги почувствував моментите на најголема радост во мојот живот. На ова ЕП го почувствувавме помалку убавиот дел од фудбалот. Гордоста да се игра за Хрватска не зависи од резултатите. Ви благодариме за големата поддршка! – напиша Модриќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luka Modric (@lukamodric10)