EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Семејството на познатиот Формула 1 возач, Михаел Шумахер, најпосле излезе со соопштение во јавноста, нешто што ретко го прави во последните десетина години, односно по хорор-повредата што ја доживеа славниот Германец.

Причина е пресудата со која поранешниот член на обезбедувањето на Шумахер, Маркус Ф., беше осуден на само две години условна казна, додека неговите соучесници, со кои го уценуваше семејството, не добија многу построги казни.

Поточно, Јилмаз Т. доби тригодишна затворска казна, а неговиот син, Данијел Л., шест месеци условна, што никако не е во согласност со очекувањата на семејството. Затоа неговата сопруга, Корина Шумахер, излезе со соопштение откако не присуствуваше на изрекувањето на пресудата, објаснувајќи дека веднаш поднеле жалба. Семејството на познатиот шампион во Формула 1 смета дека ваквата блага казна само ќе поттикне некој друг да се обиде да го повтори истиот чин.

  • Поднесовме жалба, затоа што добија, според нас, премногу блага казна. Особено г. Маркус Ф. Според мене, Маркус Ф. беше мозокот на сето ова. Она што сè уште ме шокира најмногу е огромното нарушување на довербата. Тој треба да добие казна што ќе ги одврати потенцијалните сторители во иднина – порача Корина Шумахер.

Се огласи и семејниот адвокат, Тил Дам, кој рече дека не се согласуваат со одлуката на судот.

  • Можете да бидете сигурни дека ќе ги искористиме сите правни опции што ми стојат на располагање – додаде Дам.

Тројцата мажи дошле до чувствителни фотографии и документи и побарале дури 15 милиони евра во замена за молчење, наводно вклучувајќи 1.500 фотографии, 200 видеа и детални наоди за состојбата на Михаел Шумахер. Семејството најмногу се плашеше токму од тоа.

  • Не знаеме каде е хард-дискот што недостига. Немам кристална топка, но постои можност за нова закана, преку некои алтернативни канали – објасни адвокатот.

ИЗДВОЕНИ