Се јави и поранешната сопруга со срцепарателна порака за починатиот кошаркар

468

Јанис Тима ги шокираше сите откако си го одзеде животот во стан во Москва. Познатиот кошаркар го зави семејството и најблиските во црно. Во прошталното писмо, кое е најдено до него, може да се претпостави дека причина за тоа била прекинатата врска со неговата сопруга, украинската пејачка Ана Седокова.

На социјалните мрежи се огласи и неговата прва сопруга Сана, која ја остави поради Ана. Таа објави потресни фотографии и видеа од Јанис со нејзиниот син.

  • Благодарна сум на сите за пораките и сочувството. Тешко е да се прифати она што се случи. Оние кои го познаваа Јанис знаат дека тој беше позитивна и искрена личност, секогаш подготвен да им помогне на сите, со големо срце. Беше амбициозен спортист кој постигна успех со напорна работа. Ќе го чуваме во нашите сеќавања, напиша Сана на својот инстаграм-профил.

Инаку, во 2019 година, Јанис живееше во Москва и настапуваше за Химки, а неговото семејство, тогаш сопругата Сана и нивниот син, во тоа време не беа со него. Уште тогаш се посомневала дека ја изневерува со Ана, што на крајот се потврди дека е вистина.

  • Знам дека пред шест месеци почна да ме изневеруваш, истакна во тоа време Сана поради што таа и нејзиниот син морале да бараат нов дом.
  • Твоето разбирање за грижата значи да ја блокираш банкарската сметка на твојата сопруга за да нема пари. Да ѝ кажеш нејзе и на најважната личност за вас, нашиот син, да нè иселите од нашиот стан и да живееме на улица. Да ги потпишеме документите за развод за тој да може да биде слободен за неговата нова дама, напиша тогаш Сана на социјалните мрежи.

ИЗДВОЕНИ