СÈ ИЗЛЕЗЕ ОД КОНТРОЛА! Организаторите на Евровизија свесни за пропустите – „ќе испитаме што се случило“

2668

Европската радиодифузна унија конечно излезе со соопштение во врска со однесувањето на многу делегации и учесници на Евровизија во Малме.

Не се паметат толку скандали на Евровизија. Холандија беше елиминирана пред финалето, а се уште не се знае точно зошто.

Претставничката на Израел едвај го заврши настапот поради бројните закани, а беше исвиркана до таа мера што организаторите мораа да го „исклучат“ звукот од салата за време на преносот.

Пејачката која настапуваше под уметничкото име Бамби таг и ја претставуваше Ирска веднаш по финалето ги проколна сите членови на ЕБУ, наведувајќи дека организаторите спречиле некои натпреварувачи да се однесуваат како што сакале.

„Жалиме што некои делегации не го почитуваа духот на правилата и натпреварувањето, како на лице место, така и за време на преносите. Разговаравме со голем број делегации за време на настанот во врска со различните прашања кои ни беа предочени. Управните тела на ЕБУ, заедно со шефовите на делегациите, ќе ги разгледаат настаните во Малме со цел да се продолжи напред на позитивен начин и да се осигура дека вредностите на настанот се почитуваат од сите. Поединечните случаи ќе бидат разгледани на нивниот следен состанок од страна на раководното тело на настанот, Референтната група за песна на Евровизија, која ја сочинуваат претставници на радиодифузерите учесници“, се вели во соопштението на ЕБУ.

Швајцарија победи на Евровизија и ќе го организира шоуто следната година.