Италијанската фудбалска легенда, Џанлука Замброта (48), во поткастот „Бсмт“ на Џанлука Газоли откри дека порано или подоцна ќе мора да носи протеза за да може да оди поради деформација на коленото.
- Денес сум лабораториски модел за многу хирурзи – објасни поранешниот играч на Комо, Бари, Јувентус, Барселона и Милан, кому му беше дијагностициран гену варум, деформитет на коленото при што нозете се виткаат нанадвор.
Овој 48-годишен поранешен фудбалер изјави дека лекарите се зачудени што тој воопшто може да застане на нозе.
- Лекарите гледаат и ме прашуваат како одам… Проблемот се влошуваше со текот на времето, поради одредена генетска изложеност и недостаток на внатрешни мениси. Можеби требаше порано да почнам да работам на тоа, вели Замброта, кој ќе мора да оди на операција на колената.
- Во суштина, на операција ќе ми ги исправат нозете со сечење мали парчиња коска над и долу и со ставање плочи за да се обидат да избегнат да добијам целосна протеза сега, иако ќе морам да добијам една за неколку години, заврши Замброта.