Општина Кавадарци гради велосипедско-пешачка патека од приградската населба Глишиќ кон селото Марена, излегувајќи им во пресрет на велосипедистите и на сите љубители на пешачењето, информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев.
– Интензивно се работи на новата велосипедско-пешачка патека Глишиќ – Марена, во должина од 854 метри. Инвестицијата од 10.000.000 денари е на Општина Кавадарци, а изведувач на работите е фирмата „Градба промет“ – соопштија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму нагласија дека Општина Кавадарци подеднакво води грижа за сите жители на својата територија и дека излегува во пресрет на нивните желби и потреби.