Во заедничката декларација на сите општински совети од Ќустендилската област се бара автопатот од Дупница да се спои со брз пат до граничниот премин Ѓуешево, на границата со Македонија. – Од македонска страна автопатот се гради и ние тоа многу добро го гледаме. Не се гради на бугарска страна. Ние не бараме надворешнополитички причини. Сметаме дека причините се тука, во Бугарија, вели претседателот на Советот на Општина Дупница, Костадин Костадинов.

А од македонска страна се гради турбо. Министерот за транспорт Александар Николоски најави дека до крајот на годинава ќе биде пуштен експресниот пат до Деве Баир. – До границата со Бугарија води експресен пат кој околу Нова година ќе го пуштиме во сообраќај и граѓаните за околу 1 час и 20 минути ќе се стигнува до границата. Започнавме реконструкција на граничниот премин Деве Баир, но од другата страна на границата ништо не се работи, за да може квалитетно да се поврземе, потенцира министерот Николоски

 

Општините во регионот на Ќустендил бараат да се изгради брз пат до границата со Македонија на коридорот 8. Тие се исплашени од информациите на македонските претставници за намерата за пренасочување на европските фондови на други алтернативни рути.

Во заедничката декларација на сите општински совети од Ќустендилската област се бара автопатот од Дупница да се спои со брз пат до граничниот премин „Ѓуешево“ на границата со Македонија.

– Од македонска страна автопатот се гради и ние тоа многу добро го гледаме. Не се гради на бугарска страна. Ние не бараме надворешнополитички причини. Сметаме дека причините се тука, во Бугарија. Советот на министри, Министерството за регионален развој и јавни работи треба да се фокусираат на овој коридор. Постои реален ризик парите да се изгубат и да се пренасочат во други трансевропски коридори – изјави претседателот на Советот на Општина Дупница, Костадин Костадинов, кој смета дека изградбата на коридорот 8 ќе има исклучително поволно влијание врз бизнисот во Ќустендилскиот регион.

Декларацијата ќе биде испратена до претседателот Румен Радев, до Националното собрание, до бугарската влада и до други институции.

А од македонска страна се гради турбо. Министерот за транспорт, Александар Николоски, најави дека до крајот на годинава ќе биде пуштен експресниот пат до Деве Баир.

– До границата со Бугарија води експресен пат кој околу Нова година ќе го пуштиме во сообраќај и граѓаните за околу 1 час и 20 минути ќе се стигнува до границата. Започнавме реконструкција на граничниот премин Деве Баир, но од другата страна на границата ништо не се работи, за да може квалитетно да се поврземе – рече Николоски.

Тој го посочи примерот со граничниот премин „Клепало“, кој од македонска страна е изграден пред десетина години. Овој премин не е ставен во функција затоа што бугарската страна досега нема инвестирано во инфраструктурата.

– Ако имаме автопатско поврзување кон Бугарија, а тие немаат, тогаш која е поентата ние да градиме автопати? Сега ја забрзуваме постапката за Охрид-Кичево, забрзуваме и со Гостивар-Букојчани, што значи дека ќе имаме автопат и на запад. Добра вест е што Албанија гради, што значи дека ние автопатски ќе се поврземе со две пристаништа, Драч и Валона, додека од бугарска страна не се гради ништо – истакна Николоски.

(С.Бл.)

ИЗДВОЕНИ