Се гради нова пречистителна станица

178

По надминување на сите имотноправни и административни проблеми, конечно, започна изградбата на нова пречистителна станица за третман на отпадните води, децениски проблем што го мачеше Дојран.

Градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов, вели дека со овој еколошко-капитален проект се решава најголемата проблематика за заштита на Дојранското Езеро.

Средствата во износ од 188 милиони денари за изградба на нова пречистителна станица и санација на колекторскиот систем се обезбедени со одлука на Владата од 2020, 2021 и 2023 година, заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање, како и со дополнителни 78 милиони од словенечката амбасада, во соработка со невладината организација „Милиеуконтакт“.