Се гради нов водовод и нова препумпна станица Шипокно

30

Јавното претпријатие Водовод – Охрид започна со втората фаза од поставување на новиот цевковод со новата препумпна станица Шипокно.

Претходно, во првата фаза во населбата Свети Стефан – Шипокно е поставен нов цевковод со профил ф 110 мм, во должина од 621 метар.

– Со цел да се обезбеди стабилно и континуирано водоснабдување, поставени се и поврзани пумпи MZT 5, MSSI 40-4 и електромашинска опрема, за што беше направена и комплетно целосна инсталација за поврзување на пумпите со новиот цевковод – соопштија од ЈП Водовод.

Средствата за овој зафат во вредност од 468.360 денари, се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

 

 

ИЗДВОЕНИ