Во централното подрачје на Општина Кисела Вода, во непосредна близина на Домот на културата „Билјана Беличанец“, во паркчето „Срце“ се гради нова фонтана. Оваа фонтана претставува естетско збогатување на просторот, кој е едно од најфреквентните места во Општината, и ќе придонесе за поубав и попријатен амбиент за сите граѓани.

– Со изградбата на фонтаната во паркчето „Срце“, уште еднаш покажуваме дека вложуваме во подигнувањето на квалитетот на живот во секој дел од нашата општина. Создаваме убави, функционални и атрактивни јавни простори, кои ќе бидат места за собирање, дружење и уживање за сите генерации. Овој проект е дел од нашите напори за модернизација и разубавување на Општината, а во периодот што следува ќе продолжиме со поставувањето нова урбана опрема, која ќе ја направи Кисела Вода поубаво место за живеење – истакна градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

ИЗДВОЕНИ