Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп е подготвен да ги разгледа сите можни опции во врска со Гренланд, вклучително и воено сценарио, изјави советникот на Трамп за национална безбедност, Мајк Волц, за телевизијата ABC.
– Претседателот Трамп секогаш ги држи отворени сите опции, но има многу начини за промена на постоечките договори, одговори Волц на прашањето за потенцијалната американска воена акција против овој леден остров.
Гренланд, кој има 56.000 жители, има голем степен на автономија, но Данска е одговорна за одбранбената политика на островот.
Трамп во повеќе наврати изјави дека контролата над Гренланд, најголемиот остров во светот, е неопходна за американската национална безбедност во однос на Русија и Кина, а неговиот син, Доналд Џуниор, го посети островот минатата недела.
Прашањето за климатските промени отвора конкуренција на суперсили за контрола на Арктикот, како и користење на минералното богатство на Гренланд.
САД веќе имаат воена база на островот според договорот од 1951 година со Данска за одбрана на Гренланд, кој би можел да разговара за зголемување на присуството на американските сили.