Се чисти каналската мрежа во општина Илинден

471

Општина Илинден превзема активности за чистење на каналите на нејзината територија.

Оттаму информираат дека од страна на АД „Водостопанство“ – Поддружница „Скопско Поле’’, во текот на изминатиов период е извршено чистење на секундарниот канал „Топлик“ во Илинден, во должина од 1.000 метри, каналот „Млака“ – на потегот од од пречистителната станица Илинден, кон Главниот канал, во должина од 800 метри, потоа каналот позади Домот на културата кон Главниот канал во Мралино, во должина од 1.500 метри. Исто така, исчистен е каналот покрај улицата „4“  кон Главниот канал, во должина од 600 метри, како и терцијалните канали покрај улиците „1“ и „2“, во должина од 400 метри, во населеното место Мралино.

-Согласно Годишната програма и Акциониот план за чистење на каналската мрежа, во нареден период ќе се продолжи со чистење на Ободниот канал на потегот од Кадино-Марино кон локалната зона – стопански комплекс „Илинден“, во должина од 4.000 метри и секундарниот А – канал во Илинден, во должина од 3.000 метри.

Со Акциониот план за чистење и одржување на каналската мрежа на територијата на општина Илинден за 2024 година дефинирани се вкупно 22. 900 метри (главна, секундарна и терцијална) каналска мрежа) во согласност со Годишната програма за чистење на каналска мрежа на АД Водостопанство ,,Скопско Поле’ и во согласност со потребите на граѓаните и правните субјекти на општина Илинден.