Eкипите на ЈП Комунална Хигиена продолжуваат во три смени да ги реализираат активности за рачно и машинско чистење на снегот и мразот на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини, како и во пешачките зони во централното градско подрачје.
– Воедно, во скопската општина Чаир се спроведени и вонредни активности за отстранување неколку диви депонии лоцирани на улиците: „Џон Кенеди“, до ООУ „Васил Главинов“, „Славеј Планина“ – во непосредна близина на скопското Теќе и булеварот „Крсте Мисирков“ – зад ТЦ „Мавровка“. Во рамките на овие активности се подигнати и транспортирани вкупно 50 кубни метри непрописно одложен отпад – соопштија од претпријатието.