Во рамки на големата акција за откривање и гонење на корупциски кривични дела, утринава припадници на даночната полиција и на Секторот за внатрешни работи, по наредба на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Белград, влегле во повеќе од 50 фирми во различни градови во Србија за да извршат проверка на нивната деловна активност.
Меѓу компаниите кои се „чешлаат“, како што се дознава, се Групацијата Тончев од Ниш, Фристајлер од Белград, винаријата Шкрбиќ, Грас Гарден, ресторанот Сава Нова плус, Путеви Ужице, ИТ Глоуб, НБИ.Н.А.Т. доо Крагуевац итн., пишуваат медиумите.
Во моментов под лупа се над 50 компании низ Србија, а во наредните денови ќе се вршат контроли на уште поголем број компании низ Србија, дознава Блиц од добро упатени извори.