Се чека Трамп да влезе во овалната соба, па да почне одбројувањето до мир меѓу Русија и Украина

105
epa11810248 A handout photo made available by the press service of the 24th Mechanized Brigade of Ukrainian Armed Forces shows servicemen of the 1st Rifle Battalion of the 24th Mechanized Brigade recovering and preparing themselves for the mission in Chasiv Yar town, Donetsk region, Ukraine, 02 January 2025 (issued 06 January 2025), amid the Russian invasion. Russian troops entered Ukrainian territory on 24 February 2022, starting a conflict that has provoked destruction and a humanitarian crisis. EPA-EFE/24TH MECHANIZED BRIGADE OF UKRAINIAN ARMED FORCES HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Трамп во петокот изјави дека рускиот претседател Владимир Путин сака да се состане со него и дека се договараат за состанокот, но како што пренесе Ројтерс не ја наведе временската рамка кога ќе се случи тоа. Во најавата на Трамп за состанок со Путин, украинската страна не гледа ништо ново и според изјавата на портпаролот на Министерството за надворешни работи Георгиј Тихи и Украина се подготвува за контакти со САД на највисоко ниво веднаш по инаугурацијата. Претседателот Володимир Зеленски, пак, изјави дека цел им е да добијат безбедносни гаранции и да се стави крај на војната оваа година

 

За помалку од 10 дена новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп официјално ќе ја преземе должноста. Одбројувањето почна: руско-украинскиот конфликт пред речиси два месеца го премина прагот од 1.000 дена, па светот очекува исполнување на предизборното ветување на Трамп дека брзо ќе му стави крај.

Трамп во петокот изјави дека рускиот претседател Владимир Путин сака да се состане со него и дека се договараат за состанокот, но како што пренесе Ројтерс не ја наведе временската рамка кога ќе се случи тоа.

-Русија ја поздравува искажаната спремност на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп проблемите да се решаваат со дијалог, кажа портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, потврдувајќи ја спремноста на рускиот претседател за разговори со Трамп.

Можеби ќе има напредок во договарањето средба меѓу Трамп и Путин откако Трамп ќе ја даде заклетвата на 20 јануари, им кажа Песков на новинарите.

-Тргнуваме од обостраната подготвеност за состанок, но очигледно откако господинот Трамп ќе влезе во овалниот кабинет, веќе ќе има некое придвижување, изјави портпаролот.

Според неговите зборови  предуслови за преговори не се неопходни, потребно е лидерите да имаат заедничка желба и политичка волја за водење дијалог и со дијалог да се решаваат постојните проблеми. За најавената средба со Трамп додаде дека неговите претставници сè уште не ја контактирале руската страна, но дека контактите може да следат по неговата инаугурација.

Критикувајќи го американскиот претседател во заминување, Џо Бајден, кој деновиве, пред самиот крај на мандатот ја најави последната американска помош за Украина од 500 милиони долари, Песков рече дека тој во последните 10 дена „планира да направи сè за да ја продолжи војната“, вклучувајќи можни нови санкции против Русија.

Трамп повеќепати во својата предизборна кампања кажа дека би можел да го прекине конфликтот во Украина во рок од 24 часа, но тој и неговите советници неодамна сугерираа дека би можел да се реши во рок од неколку месеци откако ќе ја преземе должноста. Неговото скоро враќање во Белата куќа поттикна надеж за дипломатско решение, но предизвикува и страв во Киев дека брзиот мировен договор би можел да има висока цена за Украина.

Во најавата на Трамп за состанок со Путин украинската страна не гледа ништо ново и според изјавата на портпаролот на Министерството за надворешни работи Георгиј Тихи и Украина се подготвува за контакти со САД на највисоко ниво веднаш по инаугурацијата.

-Нашата цел е да добиеме безбедносни гаранции и да ставиме крај на војната оваа година. Ќе направиме сè за да биде така, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за италијанската телевизија „Раи њус 24“, додавајќи дека Украина прави сè што е можно војната да заврши годинава.

Тој побара силни гаранции од САД пред договарањето на евентуален мир.

-Сакаме Америка да изврши притисок врз Русија и да им даде гаранции на Украина и на Европа да нема повеќе војна за Украина и за Европа. Безбедносните гаранции мора да бидат такви за да овозможат невраќање на Путин, кој сака да ја уништи Украина, истакна тој.

Додека се чека најавеното брзо решение на Трамп, без разлика дали за него ќе бидат потребни 24 часа или неколку месеци, привршува третата година од руската агресија на Украина. Борбите продолжуваат, а украинските сојузници од Европа се двоумат околу тоа дали на Украина треба уште да ѝ помагаат. Според „Шпигел“, германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц не се согласува со предлогот на Министерствата за одбрана и за надворешни работи за нов голем пакет воена помош за Украина од три милијарди евра и тоа пред предвремените избори во Германија закажани за 23 февруари. Според пишувањето на „Шпигел“ владата на Германија, со недели спори околу оваа дополнителна воена помош за Украина.

Зеленски, пак, откри дека на средбата во базата Рамштајн од сојузниците му била ветена дополнителна помош од две милијарди долари.

ИЗДВОЕНИ