Таравараи: Се чека на потпис од министерството за финансии за вработување на здравствените работници со договор

67

Министерот за здравство Арбен Таравари по вчерашната посета на болницата во Прилеп изјави дека се чека одобрение од Министерството за финансии за регулирање на статусот на здравствените работници што работат со договор во болнците низ државава.

-Ќе биде регулиран статусот на договорците на ниво на цела држава. Се работи за 1.180 договорици и се чека одобрение од Министерство за финансии, се надевам ќе биде потпишано што е можно поскоро, од Министерство за здраваство веќе е потпишано. Јас гарантирам, не дека ќе им се продолжат договорите, туку ќе земат и решенија. Ние тоа и го најавивме, а на 30 декември го поминавме и во Влада и Здравство и Финансии. Но во новите систематизации, поради приватните специјализанти кои се 300 во првата половина на годинава, и уште 300 во втората половина на 2025, ни требаше нова систематизација и директорите сега ќе отвораат конкурси, договорците ќе ги примаат но не мора сто проценти од договорците. Јас имам информации дека некои од тие договорци не се компетентни и не работат како што треба. Така што директорот има ексклузивно право да одлучи по конкурсот што ќе се објави, изјави Таравари.

 

ИЗДВОЕНИ