Планетата Марс го завршува своето ретроградно движење во понеделник, 24 февруари, носи бројни промени. Периодот на ретроградниот Марс го одбележија интроспективни предизвици кои не поттикнуваа на преиспитување на плановите и целите, поради што завршувањето на овој период на многумина им носи олеснување.
Крајот на ретроградниот Марс на секој хороскопски знак ќе влијае различно.
Овен
Вашата енергија е обновена и подготвенис те за носење важни одлуки. Време е за решавање на домашни проекти и јакнење на семејните врски.
Бик
Комуникацијата станува појасна. Ако имавте несогласувања со блиските, сега е можноста за отворени разговори и решавање на конфликтите.
Близнаци
Финансиските потешкотии почнуваат да се разрешуваат. Фокусирајте се на планирање за да обезбедите стабилност во претстојните месеци.
Рак
Ќе почувствувате бран на енергија и мотивација. Искористете го овој период за лични проекти и поставување нови цели.
Лав
Иако чувствувате можеби стагнација во текот на ретроградниот период, сега е време за интроспекција и планирање на идните потези. Наскоро ќе бидете подготвени за акција.
Девица
Социјалниот живот се активира. Пријателствата што беа на пауза повторно оживуваат, носејќи нови пригоди за соработка и заеднички проекти.
Вага
Професионалниот живот добива замав. Проектите кои беа на чекање сега се активираат, нудејќи ви можност за напредок и признание.
Скорпија
Време е за авантура. Плановите за патување или едукација кои беа одложени сега може да се реализираат, збогатувајќи го вашиот живот со нови искуства.
Стрелец
Финансиската ситуација се подобрува, посебно во врска со заедничките ресурси или инвестиции. Разгледајте долгорочни планови за обезбедување стабилност.
Јарец
Личните односи се хармонични. Несогласувањата со партнерот или со блиските соработници сега може да се решат преку отворена комуникација.
Водолеец
Деловната рутина и здравјето доаѓаат во фокус. Искористете го периодов за воспоставување здравствени навики и организација на секојдневните обврски.
Риби
Креативноста цвета. Проектите кои беа на чекање сега добиваат нов замав, а вие ќе се чувствувате инспирирани за изразување на своите таленти.