Се бележат пешачки премини, се чистат диви депонии и се поставува урбана опрема

342

Изминатиот период екипите на Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007″ реализираа повеќе теренски активности низ населените места на Општина Гази Баба.

– Во урбаниот дел на општината започна акцијата за бележење на пешачките премини на локалните улици кои се под надлежност на општина Гази Баба. Преку оваа активност обезбедуваме поголема безбедност за пешаците – соопштија од Општина Гази Баба.

Оттаму додаваат дека е извршено и чистење на диви депонии на јавните површини на неколку локации низ општината каде што во минатото несовесни граѓани извршиле диво депонирање на отпад.

Од Општината апелираат до граѓаните да не се врши одлагање на отпад на јавните површини туку да ја користат можноста која ја нуди ЈКП Гази Баба за бесплатно одлагање во контејнерите за кабаст отпад.

Воедно, на повеќе локации е поставена нова урбана опрема, како и унифицирани корпи за отпадоци и отпадоци од миленици.