СЕ БАРАЛА СО ПОТЕРНИЦА: Скопјанка по четири години бегство е вратена зад решетки!

85

На 30.10.2024 во 10.40 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје во содејство со полициски службеници од ОКР Карпош на ул.„Зендел Џемаил“ во Скопје ја лишија од слобода О.С. (47) од Скопје.

Таа се барала со потерница поради бегство од КПУ Затвор Идризово, а била осудена на казна затвор во траење од една година и осум месеци за сторено кривично дело по  чл.247  од КЗ на РСМ.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.