Се бараат донации за црквата во Ченто

22

 – Од 2014 година до 2022 година, на објектот не беше ставена ниту шајка. Тогаш, заедно со група жители од Ченто, решивме да го формираме Здружението „Црква Света Лидија Македонка – Ченто) за да можеме да собереме донации. Само со мои средства и со помош на донации, успеав, колку-толку, досега да изградам. Неколку пати се обидов да разговарам со сегашниот градоначалник на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, за да добијам помош од Општината, но не наидов на разбирање – раскажува ктиторот на црквата, Тоне Димковски. Ниту МПЦ не дала ништо, освен, на почетокот. Досега се изградени столбовите на објектот до половина. Димковски вели дека треба да се изградат уште 4 метри нагоре за да може да се покрие објектот. Ктиторот апелира до хуманите граѓани и компании да донираат за да може да се направи карабината, бидејќи, како што тврди, веќе обезбедил донации за другото

 

 

Црквата „Света Лидија Македонка“ се гради една деценија, а работите како да тапкаат во место. Таа се наоѓа на местото на старите гробишта до Домот на културата во населбата Ченто. Нејзините темели беа осветени во ноември 2014 година, но карабината сè уште не виде бел ден. Проектот тогаш беше презентиран како заедничка иницијатива на Општина Гази Баба и на жителите на населбата Ченто, а како изведувачи беа пријавени повеќе компании заинтересирани за изградба на овој храм, предвиден да биде на површина од над 4.000 квадратни метри.

Нејзиниот ктитор, Тоне Димковски, кој, исто така, е од населбата Ченто, со крајни напори се обидува да го реализира ветувањето пред своите сограѓани. Тој вели дека и од тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, и од тогашниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, имало ветување дека ќе помогнат, но дека не се случило тоа, па решил да ги земе работите во свои раце.

– Од 2014 година до 2022 година, на објектот не беше ставена ниту шајка. Тогаш, заедно со група жители од Ченто, решивме да го формираме Здружението „Црква Света Лидија Македонка – Ченто) за да можеме да собереме донации. Само со мои средства и со помош на донации, успеав, колку-толку, досега да изградам. Неколку пати се обидов да разговарам со сегашниот градоначалник на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, за да добијам помош од Општината, но не наидов на разбирање – раскажува Димковски.

Ниту МПЦ не дала ништо, освен, на почетокот. Тој додава дека самиот успеал да постави контејнер и куќарка на градилиштето.

Досега се изградени столбовите на објектот до половина. Димковски вели дека треба да се изградат уште 4 метри нагоре за да може да се покрие објектот. Ктиторот апелира до хуманите граѓани и компании да донираат за да може да се направи карабината, бидејќи, како што тврди, веќе обезбедил донации за другото.

– Битно ми е да ја направам карабината, за другото веќе имам договорено. Разговарав и со мојот кум во Австралија за донација од нашите иселеници што се таму. Исто така, имам договорено донација за да се направи крстот, потоа донација за подно парно, за пластични прозорци. Договорив и донација од познат бизнисмен за главната влезна врата, која ќе биде од дрво и ќе биде резбана, потоа за електричната инсталација и за иконостасот – изјави Димковски. 

Според новиот план за изградба, храмот „Света Лидија Македонка“ е со вкупна површина од 303 квадратни метри. Камбанаријата е во висина од 25 метри заедно со крстот, а конаците во црковниот двор, како помошни простории, се со вкупна површина од 320 квадратни метри. Исто така, во црковниот двор е планирана фонтана за водосвет.

Инаку, црква посветена на света Лидија Македонка има во Свети Николе и во битолското село Поешево.

(А. П.)

 

 

ИЗДВОЕНИ