Кочанските оризопроизводители, утре, во 13 часот, ќе присуствуваат на состанок во Скопје со ресорниот министер Цветан Трипуновски и претставници на откупувачите за да се договорат околу откупот и откупната цена на оризовата арпа.

Оризопроизводителите во петокот најавија дека ќе протестираат оти околу два месеца нема откуп на оризовата арпа, а цената е ниска и е на ниво од пред три години. Околу 80 проценти од минатогодишната реколта е во амбарите и стои неоткупена, а земјоделците немаат пари ниту за егзистенција, ниту пак да се подготват за новата сеидба.

Оризовата арпа повеќе од два месеца не се откупува. Вреќите полни со минатогодишниот род им стојат во амбарите на оризопроизводителите. Револтирани се што има застој на откупот и не се почитува договорот постигнат во ноември лани. Кочанските оризопроизводители тврдат дека во амбарите стои од 70 до 80 проценти од минатогодишната реколта.

Кочанските оризопроизводители велат дека се должни по аптеките, пари немаат, а оризот во амбарите го јадат птиците. Актуелната откупна цена им е како пред три години. Забележуваат дека пред Нова година и во јануари никогаш немало застој на откупот на оризот, според нив ова се должи и на увезениот ориз од азиските земји.

Ресорниот министер Цветан Трипуновски смирува и вели дека во моментов се прават анализи колкаво количество оризова арпа е откупена до крајот на 2024 година, согласно договореното со откупувачите. Вети дека ќе има средба со кочанските оризопроизводители, решение ќе има со дополнителна субвенција и откуп на ориз за стоковните резерви.

Според оризопроизводителите. во амбарите стојат околу 29.000 тони оризова арпа. Новата сеидба им стартува во април и мај.

ИЗДВОЕНИ