Францускиот интернационалец, Кристофер Нкунку, најверојатно ќе биде еден од фудбалерите кои ќе си заминат од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи за време на зимскиот преоден рок. Брзоногиот напаѓач нема статус на стандарден првотимец, а моментално најголем интерес за неговите услуги покажуваат челниците на ПСЖ и на каталонскиот гигант Барселона.