Се асфалтира улица „8“

480

Активно се работи на реконструкција на улица „8“ во населбата Илинден.

Од Општина Илинден информираат дека се извршила првата фаза од поставувањето на првиот слој асфалт, во должина од 250 метри од вкупно планираните 550 метри.

-Во рамки на градежните работи се врши целосна реконструкција на оваа улица. Покрај асфалтирањето се гради и нов тротоар во должина од 300 метри, како и зафаќање на атмосферските води од коловозот – соопштија од Општина Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека со реконструкцијата значително ќе се подобри патната сообраќајна инфраструктура во општината, бидејќи улица „8“ претставува главна сообраќајна артерија и поврзува повеќе стопански субјекти како и Здравствениот дом.

Првата фаза од реализација на проектот се имплементира во соработка со Министерството за транспорт и врски, со обезбедени средства од Светска Банка. Втората фаза од реконструкцијата на оваа улица во должина од 500 метри заедно со изградба на нов тротоар и зафаќање и одведување на атмосферските води, Општина Илинден ќе  ја реализира со средства од буџетот, а ќе се имплементира веднаш по завршувањето на првата фаза.