Сцени како од бајките: Спектакуларната поларна светлина го осветлува небото над Норвешка/ФОТО/ВИДЕО

32
Фото: auroraborealisobservatory instagram

Небото над Тромсо, Норвешка, е осветлено со неверојатен приказ на поларна светлина, привлекувајќи го вниманието на научниците и љубителите на природата.

Научниците објаснуваат дека светлите бои на небото се резултат на моќните електромагнетни бури предизвикани од сончевите блесоци и магнетизираните честички исфрлени од Сонцето.

Овој природен феномен привлече бројни набљудувачи и фотографи кои уживаа во уникатната глетка.

Поларните светла (аурора бореалис и поларната светлина) се едни од најубавите глетки што можат да се видат во природата. Кога се појавува, често се слуша тресок на небото, а голем, светол лак кој постојано е во движење ја осветлува ноќта. Блескавите светлосни зраци понекогаш се шират како лепеза, понекогаш светат како светли рефлектори или одеднаш почнуваат да се движат нагоре-надолу.

Аурора Бореалис својот најголем сјај не го достигнува над Северниот Пол, туку најдобро се гледа околу заливот Хадсон во Канада, во северна Шкотска и во јужна Норвешка и Шведска.

ИЗДВОЕНИ