Сценаристите бараат нивните дела да не се емитуваат на РТС: Токсични и опасни коментари против студентите и уметниците

26
EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Извршниот одбор на Здружението на српските сценаристи реагираше по вчерашниот напад на студентка во Белград, барајќи нивните дела да не се емитуваат на РТС „поради токсични и многу опасни коментари против студентите, уметниците и академската заедница“, јавија српските медиуми.

Извршниот одбор на Српското здружение на сценаристи по вчерашното „очигледно намерно удирање студентка со автомобил во Белградконстатираат дека работите во општеството ја достигнале границата на нормалноста и отишле подалеку од неа на многу начини“, се вели во соопштението, а пренесува Н1.

„Ние како автори сакаме со нашиот пример да укажеме на неодржливоста на оваа состојба и бараме поради отровните и многу опасни коментари кон студентите, уметниците и академската заедница, нашите дела да не се емитуваат на РТС, која наместо да биде јавен сервис за сите граѓани, на најприземен и крајно неодговорен начин им служи на потребите на само една партија“.

„Се повикуваме на нашите морални права, што значи дека нашите дела не можат да се користат на недостоен начин и да се обезбеди гледаност и разновидност на програмите што подоцна ќе служат за прогон на активисти и загрижени граѓани“.

ИЗДВОЕНИ