Талеб А. (50), психијатар од Саудиска Арабија, кој во петокот навечер со својот автомобил влета во толпа на божиќниот пазар во Магдебург и уби најмалку пет лица, беше осуден во Германија три години пред таа земја да му даде азил, пренесува Der Spiegel.
Според тој весник, Талеб А. во 2013 година бил осуден во Германија за нарушување на јавниот ред и мир со закана дека ќе изврши криминални дејствија.
Тоа значи дека и пред 11 години германските власти го сметале за опасен и верувале дека може да ги изврши заканите. Според германските медиуми, тој е осуден на парична казна на 4 септември 2013 година. Наводно, тој во тоа време престојувал привремено во Германија.
Само три години подоцна, тој поднесе барање за азил, а неговото барање беше одобрено многу побрзо од вообичаеното, односно за само четири месеци.
Пред судот повторно требаше да се појави и Талеб А. и тоа само еден ден пред делото – во четврток оваа недела. Во февруари 2024 година требаше да има рочиште за „злоупотреба на повици до службите за итни случаи“. Тогаш Талеб А. отишол во полициската станица во Берлин да поднесе пријава. Уште на местото на настанот се јавил на 911 и противпожарната служба и се појавил збунет.
Според Der Spiegel, тој е казнет и поради злоупотреба на итните повици. Човекот чиј напад на божиќниот пазар ги однесе животите на најмалку пет лица не се појави на жалбеното рочиште закажано за 19 декември.
Инаку, се проверува информацијата дека Талеб се подготвувал за злосторството во хотел. Според медиумите, тој во текот на ноември и декември неколку пати престојувал во хотел во Магдебург, каде наводно се подготвувал да изврши терористички напад.