Сателитските снимки го откриваат вистинскиот обем на уништувањето по разорниот земјотрес во Мјанмар/ФОТO

381
Фото: epa11997520 A handout satellite image made available by Maxar Technologies shows the collapsed Inwa bridge in Mandalay,

Бројот на загинати во разорниот земјотрес што во петокот го погоди Мјанмар се искачи на 1.644, додека спасувачите очајнички ги бараат преживеаните по урнатините на урнати згради. Повредени се повеќе од 3.400 луѓе.

Според првичните проценки на мјанмарската опозициска Влада на национално единство (НУГ), земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала оштетил најмалку 2.900 згради, 30 патишта и седум мостови.

„Поради значителна штета, аеродромите во Најпитав и Мандалеј се привремено затворени“, соопшти НУГ, група составена од членови на демократски избраната влада која беше соборена од војската во 2021 година, со што започна граѓанска војна.

Контролна кула на аеродромот во Најпитав, планираниот главен град на Мјанмар, се урна, изјави извор за „Ројтерс“.

Американскиот геолошки институт предвидува дека бројот на загинати во Мјанмар би можел да надмине 10.000, додека економската штета би можела да биде поголема од годишниот БДП на земјата.

Сателитските снимки го откриваат степенот на уништувањето Сателитските снимки го покажуваат обемот на уништувањето по разорниот земјотрес во Мјанмар.

фото:epa

ИЗДВОЕНИ