Сателитски снимки пред и потоа: Делови од Шпанија исчезнуваат под вода по историските поплави/ФОТО

320
EPA-EFE/BIEL ALINO

Смртоносните поплави што ја зафатија Шпанија оваа недела по интензивните, историски врнежи од дожд се толку обемни и моќни така што областа од вселената изгледа застрашувачки.

Едногодишна количина на дожд падна во вторникот за само неколку часа во источна и централна Шпанија, создавајќи бран поплави што ги проби речните брегови, ги претвори улиците во бесни брзаци и однесе автомобили и мостови.

Најмалку 160 луѓе загинаа во катастрофалните поплави – тип на екстремни врнежи што стануваат се почести како што светот се загрева поради загадувањето со фосилни горива.

Делови од областа сега изгледаат како продолжение на Балеарското Море, откако невидените дождови го претворија сувото копно во огромно пространство со вода, покажаа сателитски снимки направени на 30 октомври.

Поплавните води изгледаат како различни нијанси на сино и го покриваат она што треба да биде суво тло (кафеаво и зелено), покажуваат фотографиите. Драматичната, широко распространета покриеност на поплавите над копнените површини речиси ги претвори крајбрежните области во острови.

Водните патишта кои беа едвај видливи на сателитската сника „пред“ почетокот на овој месец – како онаа што сече јужно од центарот на градот Валенсија – сега се означени со светло сина боја, покажувајќи колку се поплавени

Десетици луѓе се водат како исчезнати од четвртокот, додека напорите за спасување и опоравување продолжуваат.

Во Чива, која се наоѓа западно од Валенсија, во вторник наврна 19 инчи дожд во период од осум часа, според државната метеоролошка агенција АЕМЕТ.

Брзата анализа се спроведува веднаш по екстремните временски настани со анализа на податоци и климатски модели за да се утврди каква улога играле климатските промени.