Санторини уште се тресе, сега е пуст остров, го напуштиле 6.000 луѓе

707

Речиси 6.000 луѓе ги напуштиле Санторини и соседниот остров Аморгос, во изминатите 48 часа, поради земјотресите што не престануваат, објавија вчера грчките власти.

Околу 4.640 патници се качиле на четири фериботи, кои го напуштиле светски познатиот вулкански остров од неделата, според податоците дадени за АФП од грчката крајбрежна стража.

Грчкиот авиопревозник „Ејџан Ерлајнс“ соопшти дека превезол 1.294 патници од Санторини до Атина во понеделникот, со вкупно девет летови, од кои пет биле непланирани.

Во текот на вчерашниот ден беше планирано два ферибота да тргнат од Санторини за Пиреја, главното пристаниште во близина на Атина.

ИЗДВОЕНИ