![Wave of seismic activity in Santorini](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2025/02/12798401-2-696x464.jpg)
Грчкиот остров Санторини денеска го погоди најсилниот земјотрес до сега, со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, пишува „Дејли мејл“. Во последните неколку дена се посилни земјотреси се забележани во близина на познатиот и популарен остров, кој на почетокот на февруари итно беше евакуиран.
Силните земјотреси почнаа кон крајот на јануари, а од тогаш се забележани стотици силни земјотреси. Како што пишува британскиот весник, медицинскиот персонал извршил пробна евакуација на болницата.
Дали Санторини очекува разорен земјотрес?
Научниците не се согласуваат дали оваа серија потреси е предвесник на голем земјотрес. Неколку земјотреси со јачина меѓу четири и 4,8 степени според Рихтеровата скала се случија во понеделникот.
Поради постојаната сеизмичка активност, распоредени се спасувачки екипи со дронови и кучиња трагачи. Во состојба на готовност се ставени и бродовите на крајбрежната стража и морнарицата.