Нов земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала се случи синоќа во 21 часот и 5 минути, на 15 километри југозападно од градот Аркесин, на островот Аморгос, Грција.
Ова е најсилниот земјотрес регистриран во регионот по земјотресот со јачина од 5,2 степени пред четири дена. Неколку минути подоцна, следеа уште четири земјотреси посилни од 4 степени според Рихтеровата скала, со разлика од само 15 минути.
Од утрото се регистрирани уште пет земјотреси со иста јачина, а иако постои оптимизам дека сеизмичката активност може да се стабилизира, научниците и понатаму се внимателни.
Во наредниот период грчки и странски експерти ќе ги здружат силите во истражувањето, а во анализата ќе бидат вклучени и океанографи за да се утврди причината за честите сеизмички вибрации на островот.