Шпанија има големи амбиции да го организира Европското првенство во кошарка во 2029 година. Таа подготвува вистински спектакл за ова натпреварување, со тоа што би се играло финалето во Мадрид, и тоа на стадионот на фудбалскиот клуб Реал Мадрид – „Сантијаго Бернабеу“.

Тоа значи дека на финалето би можеле да присуствуваат дури 80.000 навивачи, со што би биле урнати сите рекорди за посетеност на кошаркарски натпревари. Како што дознава веб-страницата „Баскет њуз“, Шпанците ќе го претстават овој проект во Рига, на 22 мај. Исто така, Евробаскетот би бил само дел од многу поширокиот план, а тоа е да се кандидира Мадрид за Олимписките игри во 2036 и во 2040 година.

Последен пат Шпанија беше домаќин на големо натпреварување во 2014 година, кога се одржа Светското првенство во кошарка.

ИЗДВОЕНИ