Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ во соработка со сообраќајната полиција, во периодот од 13.01. до 19.01.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот, за да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.