Санкционирани 149 непрописно паркирани возила во Центар

11

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ во соработка со сообраќајната полиција, во периодот од 17.02. до 23.02.2025 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 149 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар велат дека  секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. При тоа, потсетуваат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот, со цел одржување на ред и безбедност на улиците.

 

ИЗДВОЕНИ