Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција минатата недела, поточно во периодот од 29.7 до 4.8.2024 година санкционирале 63 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Тие биле отстранети со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици.
.