Јавното претпртијатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција во текот на една недела санкционирале 207 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Од ЈП ПОЦ информираат дека во периодот од 10.06. до 16.06.2024 година, со помош на нивните специјалните возила „пајак“ биле отстранети 111 непрописно паркирани возила, а со поставување на „блокатор“ биле санкционирани 96 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила. При тоа потсетуваат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот, со цел одржување на ред и безбедност на улиците.