Санкционирани 203 непрописно паркирани возила

51

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција минатата недела санкционирале 203 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од ЈП ПОЦ информираат дека во периодот од 24.07. до 30.07.2024 година, со помош на нивните специјални возила „пајак“ биле отстранети 102 непрописно паркирани возила, а со поставување на „блокатор“ било санкционирано 101 возило кое било затекнато на резидентни паркиралишта, а не е корисник-резидент на секторот каде што било паркирано.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици.