Санкционирани 194 непрописно паркирани возила во Центар

21

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ во соработка со сообраќајната полиција,  во периодот од 04.11. до 10.11.2024 година, сопомош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 194 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка за да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици.

 

ИЗДВОЕНИ